Домот на култура во 2023 година планира да подготви театарски претстави за млади и деца
Театарска претстава” Седумте јариња”, “Заспаната убавица” и др. бајки за деца од Браќата Грим, Драма во сопствена продукција на Домот со децата од драмската дејност насловена “Пред новогодишна ноќ”, по можност и други како за деца така и за пошироката публика.
Освен претставите во сопствена продукција ќе се организираат и театарски претстави во соработка со невладини организации и проекти со хуманитарни и едукативни содржини, како и гостување на театарски претстави со професионалните и аматерски театри од др. градови од републикава.