Во склоп на Домот на култура работи и народната библиотека „Кочо Рацин“ каде што според предвидувањата бројот на читатели е стандарден. Библиотеката „Кочо Рацин” работи во склоп на Домот за култура и е едиствената од ваков вид на територијата на Општина Македонски Брод, задоволувајќи ги потребите на сите почнувајќи од најмалите до највозрасните читатели. Бројот на книги се менува, а во тековната 2024 година беше збогатена за уште 300 нови книги или 175 нови наслови од кој 207 примероци од белетристика, 175 наслови слободна литература и лектирни
изданија, книги поклон од НУБ односно наслови. Но исто така имаме одделен дел на изданија поклон од Саво Костадиноски кој редовно поклонува книги на библиотеката и досега има донирано околу 1200 книги кои исто така се достапни за сите читатели. Во моментов библиотеката располага со солиден книжен фонд од околу 33 048 книги кои се наменети за љубителите на пишаниот збор, тука е и стручната литература на македонски, англиски и албански јазик која ни е доделена како поклон во соработка од Министерствата за образование и култура и е достапна за сите читатели.
          Библиотеката подлежи на посебни законски норми и правилници за попишување на книжниот фонд во период од пет години. Па така во нашава библиотека за прв пат беше направен попис во 2010, вториот во 2015 и третиот т.е. последниот во 2020 година каде што бројката изнесуваше 30 130 книги.
Вкупниот книжен фонд е 33 048 книги.